Руските сили продолжија со напади врз фабриката за челик Азовстал во Мариупол, користејќи авиони за да ги нападнат украинските борци во фабриката. Се проценува дека 2.000 украински војници и стотици цивили останале во Азовстал додека Обединетите Нации велат дека го започнале следниот обид за евакуација на цивили. Од кабинетот на претседателот на Украина соопштија дека во операцијата предводена од ОН досега се евакуирани речиси 500 цивили од Мариупол и Азовстал.
Advertisements
„Руското гранатирање и нападите на челичарницата не престануваат. Цивилите мора да бидат евакуирани. Многу деца сè уште се таму. Можете само да го замислите овој пекол. Повеќе од два месеци континуирано гранатирање, бомбардирање, континуирана смрт. Правиме се за да најдеме решение за да го спасиме нашиот народ, хероите кои го бранат Мариупол од напаѓачите. Има многу ранети, но не се предаваат. Ние не се откажуваме“, рече Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Мариупол е претворен во урнатини по постојаните руски напади. Во меѓувреме, во фабриката Азовстал, украинските војници го даваат последниот отпор против руските сили кои се обидуваат да ја преземат целосната контрола над градот. Русија ја продолжи својата офанзива и во источниот украински регион Донбас, но, наводно, не постигнала голем напредок, бидејќи украинските сили блокирале некои руски движења, дури и ја вратиле контролата врз некои делови од териториите. Борбите во фабриката за челик Мариупол доаѓаат во време на шпекулации дека рускиот претседател Владимир Путин сака победа во Украина што би можел да ја искористи на 9 мај, кога Русија го одбележува Денот на победата- годишнината од поразот на нацистичка Германија. Загубата на Мариупол ќе ја одвои Украина од важното пристаниште на Азовското Море. Тоа, исто така, ќе ѝ даде можност на Русија да воспостави копнен коридор со полуостровот Крим.
Алсат