Во Истанбул утринава се случила експлозија на брод во турското бродоградилиште Тузла, а повредени се пет лица, пишуваат турските медиуми.

Advertisements

Според првичните информации, постојат сомнежи дека до несреќата дошло при експлозија на гас, пренесува „Хуријет“.

На местото на настанот веднаш излегле поголем број противпожарни и медицински екипи.

Според неофицијални информации, еден од работниците кој се наоѓал на бродот се води како исчезнат и потрагата по него сè уште трае.

Прикажи повеќе