Визијата на Гоце за слобода, правда и еднаквост денеска е визија на социјалдемократ, денеска преточена во реалност во која живееме. Во независна, суверена, слободна и демократска држава, пријател, сојузник и рамноправен партнер на демократскиот свет, порачаа од СДСМ.

Во соопштението се вели:

119 години од неговата смрт, великанот Делчев кој го разбра светот како поле за културен натпревар, останува запаметен како силен мотив за еднаквост и слобода на сите сегашни и идни генерации.

Нека е вечен споменот на македонскиот великан Гоце Делчев.

Делегацијата на СДСМ беше предводена од Вангел Андрески, организационен секретар на СДСМ, Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ и Викторија Мадиќ, претседателка на надзорен одбор на СДСМ.