Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски  во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека не гледа зошто се прави проблем за да се признае бугарското малцинство во Македонија.

„Најголем проблем од тоа што можев да сфатам е проблемот со малцинството, да се признае бугарско малцинство во Македонија. Јас навистина сметам дека тоа не е никаков проблем, и ние сами си измислуваме проблеми во Македонија“, вели Георгиевски.