Американскиот претседател Џо Бајден денеска е во посета на фабриката на „Локид Мартин“ (Lockheed Martin) во Троја, Алабама, каде се произведуваат такви вооружени системи како противтенковските ракети Џавелин (Javelin), ефективно користени од Украина за заштита од руската инвазија, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Фабриката што ќе ја посети Бајден произвела повеќе од 50 илјади Џавелин ракети во изминатите 20 годиниВо неа работат околу 600 луѓе.

Претседателот Бајден ќе одржи говор околу безбедносната помош за Украина и уште еднаш ќе го истакне барањето до Конгресот за брзо доделување финансии за помош на Украина, велат од Белата куќа. 

– Претседателот ќе ја истакне улогата што ја имаат мажите и жените кои работат во фабриката во Алабама во борбата во Украина,  додаваат од Белата куќа.