Бизнисменот Орце Камчев осомничен за предметот перење пари под истражното име „Империја“ куртули од судски процес против него.

Во средата судијата на претходна постапка му ја верификувало казната од една година затвор која претходно ја договорил со обвинителското трио Јовевски, Русковска, Стефанова.

Камчев, освен едногодишната затворска казна, оваа недела уплатил 5,2 милиони евра на управата за јавни приходи заради пресметан непалтен данок со фирмата „Орка холдинг“ и „Кара“. Русковска, деталите за исторсиката спогодбата заради висината на упалтената сума со Камчев ја објасни гостувајќи во дебатната емисија, Топ Тема.

Пред 15 дена, Камчев и неговите адвокати тропнале на врата кај надлежнито обвинител и понудиле спогодба.

Откако Лиле Стефанова како надлежен обвинител, и шефицата на организиран Русковска се согласиле со понуденото, побарале и добиле согласност од јавниот обвинител Љубомир Јовевски.

Парите на Камчев се чисти, тврди Русковска, според која подобро е спогодба и уплата веднаш, отколку дологогодишни судски процеси и заплени на имот кој тешко се продава.