Министерот Оливер Спасовски вели дека ако во 2017-та година полицијата не реагирала да ги заштити пратениците, новинарите и сите кои биле внатре во Собранието на 27 април, било доказ дека не биле подредени на државата туку на нешто друго, како што е политиката и слично. Денеска, вели Спасовски тоа не е така.

-Ако разговараме за настанот од 27 април, тоа е насилниот упад во Собранието, кога имаше намера да се убијат пратениците и да не се дозволи преземање на Власта, нешто што не доликува на едно демократско општество. И, ако споредиме тој ден и денеска, ништо не е исто, се е многу поразлично. Се е многу понапредно и државата и институциите, посебно македонската полиција, вели Спасовски.