Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена, односно од 22-ри до 22-ти направени се 3.722 тестови, а регистрирани се 147 нови случаи на КОВИД-19. Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 24 реинфекции. Во текот на изминатите 3 дена, регистрирани се два смртни случаи. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се регистрирани 3 починати лица. Регистрирани сe 238 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи во моментов изнесува 630.