-Оградата околу Владата која беше поставена од страна на поранешниот премиер Никола Груевски беше отстранета по доаѓањето на власт на Зоран Заев, бидејќи, како што рече тој – Владата е на сите и треба да биде отворена. Меѓутоа, веќе неколку месеци, Владата наместо со железна, е опколена со полициска ограда“, вели репортерката на ТВ21.

Но, сегашната Влада го прави спротивното од оваа изјава, а на прашањето зошто полициската ограда веќе со месеци стои тука, одговорија кусо:

„Полициската ограда служи за безбедносни потреби при одржување на јавни собири“, велат од Влада на РСМ.

Потсетуваме дека Заев со отстранувањето на оградата најави дека има креативни планови.