Русија им забрани на 29 американски политички функционери, медиумски личности и бизнисмени да влезат на нејзина територија како одмазда за санкциите што Вашингтон ги воведе кон Москва поради нејзината инвазија против Украина. Во списокот објавен од руското Министерство за надворешни работи се и основачот на Фејсбук и шеф на интернет гигантот Мета Марк Цукерберг и американската потпретседателка Камала Харис.
Advertisements
На списокот има и претставници на политичките елити, како и новинари кои, како што се наведува, „формираат русофобна агенда“. Ним им е забранет влез во Русија на неодредено време. Министерството одделно објави и дека Москва воведува санкции за 61 канадски државјанин и планира да ја прошири и таа листа.