Денеска (22.04.2022) во 08.00 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Д.М.(26) од Тетово. Имено, по претходно добиена судска наредба, извршен е претрес  во  дом и  други  простории кај Д.М., во врска со кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик, при што биле пронајдени  марихуана и дробилка.

Д.М. е приведен и по  целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.