Пресудите во предметот „Плацеви на Водно“ се уште една силна потврда на она што граѓаните, македонската јавност, сите многу добро го знаат: ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија, велат од СДСМ.

Од оваа партија велат: Шефот на Мицкоски е осуден со нова судска пресуда од 7 години.

Перење пари, противправно богатење, криење имот па дури и злоупотреба на пари од членови на ВМРО-ДПМНЕ се кривичните дела што шефот Мицкоски ги сторил во овој судски предмет.

Овие кривични дела  за коишто сега веќе има судска пресуда се направени и во 2015 година, период кога Христијан Мицкоски му бил советник на Никола Груевски.

По случаите „Тенк“ и „Насилство во Центар“ ова е трета пресуда со затворска казна за Груевски.

Но зошто молчи Мицкоски?

ВМРО-ДПМНЕ останува најкриминалната партија во Европа, а Мицкоски останува единствениот на браникот на криминалот, велат од СДСМ.