Христијан Мицкоски, Владо Мисајловски, потоа градоначалникот на Бутел и Гази Баба се поклонија кај Смилковското езеро на местото каде пред 10 години во пресрет на големиот христијански празник Велигден беа убиени пет млади момчиња
-Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски, Кире Тричковски и Борче Стевковски пред 10 години беа сурово и свирепо убиени пред христијанскиот празник Велигден.
Одадовме почит за рано згаснатите животи на младите момчиња, кои без никаква причина платија со своите животи.
Денес засадивме 5 дрвца во двророт на Црквата Св. 40 маченици кај Смилковското езеро за сеќавање на 5-те прерано згаснати животи.
Слава им!