Еден од финансиерите на Иван Михајлов за време на неговиот престој во Рим после Втората светска војна бил Анџело Кујумџијски, бугарски Евреин, банкар, кој во тоа време бил полковник од офисот на стратешките служби на САД. Ова во ексклузивен материјал на бугарската телевизија БТВ го тврди истражувачот Л’чезар Тошев, јавува Трибуна.

„Неговиот престој таму е финансиран од Анџело Кујумџиски, бугарски Евреин, банкар, кој во тоа време бил полковник од офисот на стратешките служби на САД “, вели Тошев.

Тошев пред бугарската новинарка Теодора Енчева додава дека САД внимавале на кои луѓе помагаат и затоа е речиси незамисливо, ако Михајлов бил фашист, да добивал помош од висок претставник на безбедносните служби на САД.

Михајлов освен што бил финансиран од луѓе поврзани со американските безбедносни служби, бил чуван и од италијанските безбедносни органи. Независно од фактот, што во тоа време во Италија имало чистка на фашисти. Условот да биде примен во Италија, бил да се занимава со политика. Тоа ветување Михајлов го одржува до крајот на својот живот.

Видеото со ексклузивните документи погледнете го на следниот линк.