Станислав Балабанов, пратеник од бугарската партија Има таков народ (ИТН), како категорична и апсолутна лага ја оцени информацијата дека министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска се подготвува да поднесе оставка.

Според него, министерката Генчовска е на нејзината позиција и воопшто не се зборува и не се разгледува варијанта за нејзина оставка, јави дописникот на МИА од Софија.

– Категорично ги отфрламе овие гласини, такво нешто нема, додаде пратеникот од ИТН.

Тој истакна дека „сите користиме социјални мрежи и сто пати кажаната лага во одреден момент почнува да се прифаќа како вистина“.