Руското бомбардирање на Харков, град во североисточна Украина, од вчера драстично се засили, изјави градоначалникот Игор Терехов.

– Непријателот бомбардира куќи, станбени населби. За жал, има цивилни жртви. Најлошото е што гинат деца, изјави градоначалникот за националната телевизија.

Харков е вториот по големина град во Украина каде се водеа интензивни борби од почетокот на руската инвазија.