Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека го продолжил постојаниот дијалог со американскиот претседател Џо Бајден и дека во денешниот телефонски разговор разговарале за руските воени злосторства и дополнителен пакет помош за неговата земја.
– Разговаравме за руските воени злосторства и разговаравме за дополнителен пакет одбранбена помош како и за можна макрофинансиска помош. Се договоривме да ги зајакнеме санкциите – напиша Зеленски на Твитер по повод телефонскиот разговор со американскиот лидер./Makfax