Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски соопшти дека првоосомничениот за убиството на ракометарот Денис Тот Анџело Ѓорѓиевски е предаден по опсежни мерки на тимот за потраги во Скопје.
-Се предаде на тимот за потраги. Сите оперативни информации, толку стеснет простор, придонесоа по неколкучасовни активности на полицијата да резултира со негово приведување во станицата во Аеродром, а потоа и спроведување во затворот Скопје, рече Спасовски во емисијата „24 анализа“.