Претседателите на Полска и на балтичките земји денеска го посетија Бородјанка, град во близина на Киев, кој литванскиот претседател Гитанас Науседа го опиша како „потопен во болка и страдање“ по „бруталните воени злосторства“.
Наузеда и неговите колеги, Полјакот Анджеј Дуда, Естонецот Алар Карис и Летонецот Егилс Левитс, пристигнаа во Украина со воз за да му дадат поддршка на украинскиот претседател Володимир Зеленски „во клучен момент“ за Украина, рече полскиот лидер денеска претпладне.
– Овде темната страна на човештвото го покажа своето лице, напиша Наузеда на Твитер, откако запреа во Бородјанка опустошен од бомби, каде наводно се вршеле злоставувања за време на долгата руска окупација.
Местото е „натопено со страдање и болка“, а „таму беа убиени и мачени украински цивили“, рече литванскиот претседател повторувајќи дека руските воени злосторства нема да останат неказнети.
– Оваа војна, мора да ја победиме, истакна литванскиот претседател.
Детали за посетата на претседателите не беа објавени поради безбедносни причини.
Полскиот претседател објави фотографија на Твитер на која е со украинскиот колега Володимир Зеленски.
Во пресрет на нивното патување во Украина, четворицата претседатели се состанаа во Ржешов, град во југоисточна Полска.