Независниот синдикат на приватниот сектор на Косово (СПСПК) изрази незадоволство од нацрт-законот што денеска го усвои владата на Албин Курти, со кој се предвидува месечната минимална плата во државата да биде 250 евра, и останува на барањето таа да биде 400 евра, јави дописникот на МИА од Приштина.

Претседателот на синдикатот на приватниците, Јусуф Аземи изјави дека една од главните причини за таквото барање е недостигот на работна сила во државата.

– СПСПК останува на ставот дека минимална плата под 400 евра не може да се прифати. За оваа плата ние како пример зедовме едно четтиричлено семејство и видовме дека за неговите минимални потреби не се доволни ниту 460 евра. Дополнителна причина зошто го бараме тој минимум е недостигот на работна сила. За нашите улуги кои им ги даваме на сопствениците на компаниите сега ние ја одредуваме цената, изјави Аземи на прес-конференција.

Според СПСПК, и начинот на кој се нашол предлог-законот во владата е незаконски.

– Минималната плата се предлага од Економско-социјалниот совет на Владата, а Владата го праќа во Собрание. Советот не е прашан воопшто и во Владата е испратен на незаконски начин. Ние можеме да го гледаме како позитивно зголемувањето, но тоа не ги исполнува ниту елементарните потреби, изјави Аземи.