Се огласија од МВР откако се појави снимка за примање на мито на ГП Блаце.

Во врска со случајот со земање поткуп на граничниот премин Блаце, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со надлежното обвинителство, како и службите за внатрешна контрола на Р. Косово и Р. Албанија го документираше кривично правниот настан и изврши службени разговори со полициските службеници. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното обвинителство против полициските службеници Е.Ш. и З.Р.  ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од КЗ на РСМ, а ќе биде покрената и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.

Полициските службеници до завршување на дисциплинската постапка се отстранети од работното место согласно одредбите од Колективниот договор на Министерството.

СКАНДАЛ: На „Блаце“ снимен раководител на смена како прима мито од 120 евра да пропушти шест албански државјани