Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска оствари средба со претставничките на Здружението „Сина светулка“ со кои потпиша договорот за поддршка за унапредување на квалитетот на животот на лицата со аутистичен спектар.

Како што информираат од Град Скопје, станува збор за поддршка на Здружението за развојот на вештини за подготовка на училиште на децата со аутизам и за подобрување на квалитетот на животот на лицата со аутизам и нивните семејства.

– Проектот е значаен и вклучува применување на посебни научни методи првенствено за едукација и развој на социјалните вештини на децата со аутизам и нивната инклузивност во образовниот процес, но и за подигнување на свеста за лицата со аутистичен спектар и нивните семејствата за подобро функционирање и општествено прифаќање, велат од Град Скопје.