Во рамки на официјалната посета на Црна Гора, претседателот Стево Пендаровски оствари средба со црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ, на која беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Црна Гора.

-Притоа беше оценето дека тие се традиционално партнерски и пријателски, без отворени прашања.
На средбата беше истакнато дека двете држави, како сојузници во НАТО споделуваат исти вредности и даваат придонес во унапредувањето на регионалната соработка. Исто така, двете држави споделуваат идентична надворешно-политичка цел – членство во Европската Унија, соопшти Кабинетот на Пендаровски.

Претседателот Пендаровски и премиерот Кривокапиќ, се додава во соопштението, разменија мислења за случувањата и состојбите во поширокиот регион, во контекст на руската агресија врз Украина.