Сто и седум категоризирани ресторани за свадби, ќе поделат 840 илјади евра, пари од државната каса. Владата донесе одлука за дополнителна еднократна  финансиска помош за угостителите кои не работеа долг период за време на пандемијата на ковид-19. Дополнително, Владата одобри исплата на 135 илјади евра за 17 ноќни клубови кои пријавиле комплетна документација на јавниот повик.Од Владата велат дека како основа за пресметка на поддршката се земаат просечните месечни приходи остварени во 2019 година, а висината на поддршката се пресметува како износ од 30% од просечниот месечен приход. Дополнително, секој регистриран активен субјект добива финансиска поддршка во износ од 15.200 денари по вработен. Овие средства  се неповратни за угостителите  кои на крајот на 2021 година ќе имаат барем еден вработен повеќе во споредба со 2020 година. Оние кои ќе го задржат истиот број вработени ќе треба да вратат 20 отсто од помошта, а оние кои ќе го намалат бројот на вработени ќе треба да вратат 50 отсто од помошта.

Advertisements

Прикажи повеќе