На 15 октомври во 1950 година во Скопје е роден Благоја Георгиевски – Буштур – поранешен македонски и југословенски кошаркар.

Георгиевски бил учесник на Летните олимписки игри во 1976 година кои се одржале во Монтреал како член на југословенската кошаркарска репрезентација, каде освоил сребрен медал.

На Европско првенство во 1971 година, кое се одржало во Западна Германија, како член на југословенската кошаркарска репрезентација Георгиевски освоил сребрен медал.

Буштур својата кариера ја поминал во КК Работнички, а бил и амбасабор на Специјалните Олимписки Игри.

Буштур го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случи на 29 јануари 2020 година.