Шерпаска од Непал го собори сопствениот рекорд како најуспешна жена планинарка која се искачила на Монт Еверест. Оваа 48-годишничка денеска по 10-ти пат се искачи на највисокиот врв на светот.

Лакпа Шерпа и други неколку алпинисти го искористија поволното време и рано утринава се искачија на врвот од 8.849 метри надморска височина, како што изјави нејзиниот брат и организатор на експедицијата, Мингмпа Гелу, за тамошните медиуми.

Иако по потекло од Непал, Лакпа живее со своите три деца во Западен Хартфорд, Конектикат, САД.

Друг Непалец, Ками Рита во саботата по 26. пат се искачи на Монт Еверест, исто така соборувајќи го својот светски рекорд.