Ѓорѓи Трендафилов

На 12 октомври 1492 година, по 36 дена на море, експедицијата на Кристофер Колумбо, се истоварила на брегот на Бахамските острови како што денеска ги нарекуваме. 36 дена пловел на запад по Атлантскиот океан.

Подоцна,многу подоцна, Џејмс Кук со неговиот „Ендевор„ испловил од Плимут. Тоа било на 25 август,1768 година. На најужната точка на Јужна Америка,кај Брегот на Огнената Земја, пристигнал за нецели пет месеци. Таму бил на 14 јануари,1769 година. 66 дена им биле потребни на првите англиски доселеници да стигнат до брегот на Новиот свет.Тоа се случило во 1620 година. Жил Верн, својот Пат околу светот го ограничил на 80 дена. Упорниот ровер„ Истрајност„ после седум месеци пат, се спушти на Марс…Веројатно секој може да наведе повпечатливи примери од овие, но пораката е иста – Што, по ѓаволите не е во ред со вас (веројатно и со нас) па не сте во состојба да обезбедите и по толку време, една единствена вакцина?Постои ли кај некој меѓу вас елементарно ниво на пристојност, на домашно воспитување?Одговорност?

Демек има парламент кој наводно „истрајно„ работи во интерес на граѓаните и националниот интерес!? Само уште да обезбеди кворум, еве кај е, па за почеток се закажани дури 4 пленарни седници! Па ЕУ и вакцините ви беа на постерите на неуспешниот референдум, учинокот досега е целосен! Браво,навистина блескате!
Што ја загрозува националната безбедност, вашата неспособност или Претседателот Радев? Новата дигитализирана„кафетерија„ за избраните и именуваните„функционери е алатка за борба против „високата корупција„? Можеби барањата за екстрадиција кои ги игнорираат сите, почнувајки од Косово,преку Грција и Унгарија, па се до Шведска? А,да, го имате НАТО (така и се однесувате,само вие сте во НАТО) уште само да си пронајдете претставници кои ќе ја поминат безбедносната проверка.

Со зачудувачка леснотија се накалемивте на „состојбата на обездржавеност„ негувана и развивана од вашите претходници и со ентузијазам ги прифативте „профитабилните„ и сегогаш „дил ориентет„ елементи. Блескаво нема што!
Искрено, до кога очекувате да дава „резултати„ оваа тендерска демократија која секојдневно ја поткопува основната и природна приврзаност на граѓаните кон сопствената држава,граѓани кои за жал одамна немаат очекувања – за подобро!?