По освојувањето на Зелениот Оскар и Град При на Гриерсон, Тамара Котевска, двојно номинираната режисерка за Оскар (Медена земја), и двојно номинирана за ЕМИ (Приказната за Силјан) е избрана за една од главните одлучувачи во престижното меѓународно жири за 2026 година на Филмскиот фонд за документарци посветени на планетата Земја (Pla et Health Film Fu d), голема нова глобална иницијатива за документарен филм вредна 100.000 фунти.
Жирито за 2026 година ги обединува директорите на Нетфликс, Санденс и БАФТА заедно со Котевска и неколку автори од нејзин ранг.
Покрај Котевска, во овогодинешната селекциска комисија членуваат: Директорката на Нетфликс за документарни филмови, Кејт Таунзенд; директорката на Санденс филм институт, Паола Матура и генералниот директор на БАФТА алберт, Мет Скарф.
Заедно, ова жири ќе донесе одлука за распределба на грантот од 100000 фунти, ќе ги оценува глобалните филмски проекти и ќе избере пет истакнати режисери кои ќе добијат по 20.000 фунти за продукција, врвно менторство од индустријата и загарантирана светска премиера на фестивалот SXSW Lo do 2027.
По повод оваа објава, Тамара Котевска ја сподели следната изјава:
„Поканата за член на вакво престижно жири и дадената доверба да одлучувам за иднината на 5 ветувачки документарни филмови рамо до рамо со најголемите одлучувачи во светот на филмот во моментов носи огромна одговорност. Филмскиот фонд за документарни филмови со фокус на опстанокот на планетата е истовремено огромна чест и сериозно битен момент за позиционирање на Македонија во најелитните кругови на носење филмски одлуки. Да се седи рамо до рамо со водечките луѓе од НЕТФЛИКС, САНДЕНС и БАФТА како и со визионери како Акинола Дејвис Џуниор и Нина Гуалинга, покажува колку стана клучно раскажувањето приказни за животната средина на највисокото ниво на светската кинематографија. Заедно со моите колеги од жирито, со нетрпение очекувам да поддржам пет храбри нови автпри и да ги донесам нивните итни приказни на глобалната сцена.”
Финалната одлука ќе биде донесена на 16 декември.



















