Задржувањето на граница на претседателот на Студентскиот парламент на Универзитетот „Мајка Тереза“, кој е еден од организаторите на протестот, и неговото задржување половина час во просториите на граничната полиција, со образложение дека се наоѓа на посебна листа за контрола, претставува недозволив чин и отвора сериозни сомнежи за притисок и заплашување на студентите, реагира Халил Снопче од Алијанса за Албанците.
„Додека студентите бараат право загарантирано со Уставот и законите, премиерот ни зборува за li gua f a ca, како еден социолингвистички концепт да може да ги замени уставните права.
Ниту политичката терминологија може да ги ограничи уставните права, ниту методите на заплашување можат да го замолчат гласот на студентите“
Укажете им на надлежните органи и запрете ги овие практики, повика Снопче. Студентите, додаде тој, не бараат привилегии, туку само остварување на своето право.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.



















