Драматичен грабеж се случил рано утринава во германскиот град Бајројт, каде тројца крадци со автомобил се забиле во златарница, од која украле повеќе вредни предмети. Двајца осомничени се уапсени, а полицијата сè уште трага по третиот.
Според полицијата, грабежот се случил околу 3:40 часот. Откако со автомобилот влетале во продавницата, крадците зеле неколку предмети и побегнале со друго возило.
Полициска патрола го забележала автомобилот со кој се движеле осомничените на автопатот и започнала потера. Тие потоа го напуштиле автопатот, го оставиле возилото во шума и продолжиле да бегаат пеш.
Во потрагата по бегалците полицијата ангажирала службени кучиња, дронови и хеликоптер. Двајца мажи биле приведени, додека потрагата по третиот осомничен продолжува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.


















