Новиот бран украински напади со беспилотни летала врз руски постројки, кој трае од крајот на октомври, го намали капацитетот на Русија за преработка на нафта за приближно 30 отсто, потврдија за „Ројтерс“ два извора од нафтената индустрија.

Овие напади создаваат дополнителни предизвици за Москва во справувањето со недостигот на гориво на домашниот пазар – во време кога Русија испорачува дизел на меѓународните пазари како дел од извозен договор во кој е вклучен и американскиот претседател Доналд Трамп.

Девет рафинерии погодени за една неделаУкраина ги засили нападите врз руските рафинерии кон крајот на октомври, откако пропадна договорот за прекин на нападите врз енергетската инфраструктура – ​​аранжман меѓу Киев и Москва што претходно го најави Трамп.

Според извори од индустријата и официјални претставници, во текот на изминатата недела, украинските беспилотни летала го попречија работењето и предизвикаа вонредни инциденти во девет од 35-те големи руски рафинерии.

A ighttime pa o ama of the Ryaza oil efi e y, ta geted by Uk ai ia Defe se Fo ces st ike d o es today.

Followi g a se ies of explosio s, seve al fi es we e obse ved i the i dust ial a ea. https://t.co/UqpWUqJ4xo

— Exile ova+ (@Exile ova_plus) Novembe 5, 2026

Според истите извори, вкупниот номинален дневен капацитет на руските рафинерии кои се цел на напади од крајот на октомври – вклучително и три големи постројки во централна Русија – изнесува приближно 300.000 тони, односно 2,2 милиони барели дневно. Вкупниот капацитет за примарна преработка во цела Русија изнесува околу 930.000 тони дневно.

Пад на преработкатаКон крајот на октомври, руските рафинерии преработувале приближно 700.000 тони сурова нафта дневно, што е еквивалентно на околу пет милиони барели. Извори од индустријата проценуваат дека реалниот пад во преработката на сурова нафта во погодените руски постројки моментално достигнува до 200.000 тони дневно.

Меѓу постројките што претрпеа оштетувања се рафинериите во Рјазањ, Јарослављ и во регионот на реката Волга.

Во текот на ноќта кон понеделникот, украинско беспилотно летало ја погоди и рафинеријата „Кириши“, втората по големина нафтена постројка во Русија. Како резултат на нападот избувна голем пожар, а гувернерот на Ленинградската област соопшти дека во постројката загинала една жена.

Video f om the i dust ial zo e of the Ki ishi Oil Refi e y

Acco di g to i fo matio f om *The Spy’s Dossie *, this is whe e the st ike took place.

Yeste day, 9 Novembe 2026, a massive UAV attack was ca ied out o the ‘Ki ishi efteo gsi tez’ oil efi e y i the tow of Ki ishi, Le i g ad Oblast.

As a esult of the st ikes, sig ifica t damage was caused to key sectio s of the pla t, amely:• The ELOU-AVT-2 u it;• The AT-1 u it;• The AT-6 u it;• The fuel oil p ocessi g complex;• The Pa ex-2 u it;• Two eci culati g wate supply u its;• P ocess pipeli es betwee the u its.

Ope atio s at the pla t have bee halted.

— Exile ova+ (@Exile ova_plus) Novembe 11, 2026

Лавров го обвинува Киев; Зеленски одговара дека тие само се бранатВо напис објавен во вторникот во рускиот дневен весник „Комерсант“, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров тврди дека Украина ги игнорира повиците на Трамп да престане со нападите врз руската енергетска инфраструктура.

Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела изјави дека Киев продолжува да ги напаѓа објектите поврзани со рускиот нафтен сектор, исклучиво како одговор на руските напади врз енергетската мрежа на Украина.

Зеленски нагласи дека украинските електрани, дистрибутивната мрежа, постројките за греење и системите за водоснабдување се под постојани руски напади, како и дека Москва ги „отфрлила сите чекори кон деескалација предложени од партнерите“.