Во Музејот на Македонија на 5 ноември (четврток) со почеток во 19 часот ќе биде отворена ретроспективната изложба на македонското куклено наследство „Тивки актери, гласни приказни“.

Изложбата „Тивки актери, гласни приказни“ ве повикува на ретко ретроспективно патување низ децениите на македонското кукларство. Од историските почетоци во 1946 година со визијата на Светлана Малахова, па сѐ до современите дизајни на Театарот за деца и младинци, оваа поставка го слави кукленото творештво не како минлива игра, туку како комплексна и рамноправна уметничка дисциплина.

Автор на изложбата е Љубица Велкова, продукцијана на театар „Сенки и облаци“, куратор е Јасминка Намичева.Стручен соработник Кирил Василев, а дизајнот на плакатот е Бранкица Јордановска.

Изложбата ќе биде поставена до 29 ноември, а настанот е поддржан од Министерството за култура и туризам.