Утре, 4 ноември 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во Салон 19/19 на Културно-информативниот центар во Скопје ќе се одржи солистички рецитал „Ехо на несвесното“ на пијанистката Дуња Иванова. Програмата обединува дела од различни стилски и временски периоди, поврзани преку идејата за музиката како простор на сеќавања, асоцијации и внатрешни светови.
Концертот започнува со избор од циклусот Silhouettes fo Pia o на Владимир Ребиков, музички минијатури исполнети со слики од детството, фантазијата и секојдневието. Следуваат легендарните Романски народни танци од Бела Барток, дело во кое народниот материјал добива современ и виртуозен пијанистички израз.
Во вториот дел од програмата ќе биде изведена композицијата „Кругови“ од Дино Имери, инспирирана од истоимениот роман на Тина Иванова во која идејата за движење, повторување и постојана трансформација се претвора во музички тек, како и делата „Живот во кутија“ и „Џанго“ од Ана Пандевска – авторка чиј музички јазик комуницира со современата публика.
„Ехо на несвесното“ е патување низ различни музички светови во кои спомените, фантазијата, фолклорот и современиот израз се преплетуваат во единствен концертен наратив. Наместо хронолошки преглед на музичката историја, програмата нуди звучно истражување на она што останува скриено зад секојдневното искуство.
Концертот е дел од Годишната програма на Министерството за култура и туризам на РС Македонија.
Влезот е слободен.



















