Бројот на жртви по судирот на два брзи воза во шпанската покраина Толедо, се искачи на 74, според Комисијата за истражување на железнички несреќи (CIAF), додека спасувачките екипи продолжуваат да работат на местото на несреќата.

Прелиминарните наоди укажуваат дека технички дефект, проследен со низа човечки грешки, довел до несреќата, објавува шпанскиот портал „El Dia io“.

Проблемите започнале околу 8:30 часот наутро во средата, кога системот за контрола на сообраќајот LZB престанал да работи поради дефект на софтверот, пренесува Танјуг.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.