Студент со противпожарен апарат го изгаснал пожарот што вчера избувнал на бојлер во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје. Во инцидентот нема повредени лица, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

Според полицискиот билтен, пожарот настанал вчера околу 12:30 часот, а бил пријавен во СВР Скопје во 13 часот.

За проблемите во студентскиот дом вчера алармираа и од „Студентски отпор“, од каде што соопштија дека во бараките се запалил бојлер поради неисправност.

Од организацијата посочија дека студентите се соочуваат со сериозни проблеми со греењето, влагата, мувлата, санитарните јазли и недостигот од топла вода.

Тие побараа од Министерството за образование и наука, раководството на домот и другите надлежни институции итно да преземат мерки за подобрување на условите и безбедноста на студентите.

Фото: илустрација (Depositphotos)

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.