Вчера во 15:35 часот во СВР Скопје 63-годишната С.В. од Скопје пријавила дека од страна на две лица била физичка нападната, при што и била одземена ташна со пари, лични документи, мобилен телефон и други лични предмети, по што се оддалечиле.

Веднаш по пријавата од страна на униформирани полициски службеници од ПС ОН Ѓорче Петров при СВР Скопје преземени се соодветни мерки и активности, по што лицата се пронајдени и лишени од слобода.

Утврдено е дека станува збор за А.Х.(19) и 15-годишен малолетник двајцата од Скопје. Лицата се предадени во Полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.