Филипче, Заев и Ковачевски се првите другари на Вучиќ, не можат да се исперат колку и да пробуваат, кажа на прес-конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче во време на КОВИД кризата постилаше црвени килими за да пречека мала бројка на вакцини донирани од Вучиќ и со хвалоспеви да го поздравува“.
Сето тоа, додава Мансиевски, се случуваше затоа што Филипче сакаше да направи ќар од набавка на вакцини во Македонија.
„Заев на руски пранкери кажуваше лоши зборови за Вучиќ, па од кога тој повик излезе во јавноста му се извинуваше на самиот Вучиќ и велеше дека тоа што го говорел за него не било така. Понизно и со свиткана кичма. А потоа го пречекуваше на гранични премини, му се заблагодаруваше и го величаше на секој можен начин.
За Ковачевски мислам дека не треба да говориме, тој беше главниот другар на Вучиќ со кого пееја и пиеја до раните утрински часови. Секако за Република Македонија придобивка немаше од истото.Српскиот свет во Македонија го промовираа Заев, Филипче и Ковачевски“.
Го промовираа, вели Манасиевски, и бугарскиот и рускиот, само не македонскиот.
„Затоа и граѓаните не им даваат доверба. Прочитани се“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
















