Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска денеска на прес-конференција покажа фотографија од вчерашниот ден на која, како што вели, осудено лице повторно се гледа во друштво на Христијан Мицкоски.
„Осудениот С.З. познат како Симе не е во затвор. Еве го повторно со Мицкоски. Нова слика од вчера, додека Мицкоски дава изјава. Работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница. СДСМ објави цел албум фотографии со арамијата Мицкоски. Со години е во друштво на арамијата на обиколки по терен. Уапсен со поголема количина дрога, оружје, муниција и пари. Цела Македонија го видео како пука со калашников. Во друго видео како го цитира Шешељ пред руско знаме. ВМРО прво рече „само една фотографија“. Потоа излегоа повеќе слики и видеа. Од тогаш молк. Институциите молчат. Арамијата Мицкоски никогаш не одговори на прашањата. Сега истиот Симе е на слобода, го гледаме на нови слики со Мицкоски. Одговорност нема. Симе беше уапсен во време кога 5 тони дрога поминаа од Македонија и беа запленети во Србија, кај сестринската СНС, во селото Коњух кај Крушевац. Очигледно Симе е пуштен да плаќа и да се заканува во Брвеница. Ова е враќање во времето на мракот на Груевски и Мијалков. Заштита на криминалци што работат за бандата“, кажа Кузеска.
Таа до Обвинителството постави неколку прашања.
„Зошто Симе не е во затвор? Кој го пушти? Како е можно човек уапсен со дрога и оружје да работи за власта наместо да одговара?!“, праша портпаролката на СДСМ, Кузеска.




















