Избирачките места во Србија беа отворени утрово во 7 часот за предвремените парламентарни избори, кои се сметаат за еден од најзначајните политички тестови за власта на Александар Вучиќ во изминатите 14 години.

За првпат посериозен предизвик за владејачкиот блок претставува политичката сила произлезена од студентските протести по падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.

„Се надевам дека денешниот ден ќе помине во демократска атмосфера и мир и дека легитимно ќе избереме нова власт во Србија“, изјави во Нови Сад Илија Срдановиќ, носител на студентската листа „Студентите победуваат“.

Срдановиќ на гласање дошол со семејството и чекал во ред со другите граѓани пред избирачкото место во основното училиште „Прва војвоѓанска бригада“ во Нови Сад.

P vi a Stude tskoj listi Ilija S da ović a bi ačko mesto stigao je sa po odicom i čekao u edu sa ostalim g ađa ima isp ed bi ačkog mesta koje je u ovosadskoj Os ov oj školi “P va vojvođa ska b igada”. https://t.co/8ZjmRN7aud

— Razglas ews (@ azglas ews) Octobe 25, 2026

На прашањето за големата излезност, тој рече дека уште во текот на предизборниот период било јасно оти може да се очекуваат долги редици. Според него, сè укажува дека ова би можеле да бидат парламентарни избори со рекордна излезност во поновата историја на Србија.

Осврнувајќи се на заштитата на изборната волја, Срдановиќ оцени дека конечниот резултат ќе биде најдобриот показател за тоа како гласале граѓаните.

Тој најави дека по објавувањето на прелиминарните резултати студентската листа ќе даде насоки за понатамошните чекори, нагласувајќи дека најважно е граѓаните слободно да гласаат според сопствената совест.