Шеесет и двегодишен маж е пронајден починат во својот дом на подрачјето на скопската општина Ѓорче Петров, а на телото биле забележани траги на насилство, информира МВР.
Случајот бил пријавен вчера, 22 октомври, во 18:40 часот во СВР Скопје. Починатиот е идентификуван како С.Ј. (62).
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт со траги на насилство.
На местото бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.



















