Tesla и SpaceX формираа посебни комисии за да ја разгледаат можноста за спојување, изјави Илон Маск за време на разговор со инвеститорите во SpaceX. Маск раководи со двете компании.
„Мислам дека тоа би било добра идеја. Но, одлуката зависи од посебните комисии на двете компании“, рече Маск.
Тој додаде дека комисиите сè уште немаат постигнато договор за условите на евентуалната трансакција и дека не е сигурно дали до спојување воопшто ќе дојде. Тој не изнесе детали за тоа како би можело да дојде до интегрирање на компаниите, ниту кога би можела да биде донесена одлука.
SpaceX се занимава со развој на ракети и сателитската мрежа „Sta li k“, додека Tesla произведува електрични возила, батерии и роботски системи. Компаниите веќе соработуваат на одредени проекти, а Маск претходно зборуваше за сè поголемото преклопување меѓу нивните деловни активности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
















