ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека поради дефект на шибер на улицата Соле Стојчев 3, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Соле Стојчев, улицата Желево и дел од улицата Волгоградска. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.

Исто така од ЈП Водовод и канализација Скопје информираат дека поради уличен дефект ф-80 мм на улицата 3/11 Морани, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Морани. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:15 часот до завршување со санација на дефектот.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.