Четири лица се повредени во пукање што се случило вчера рано наутро во близина на болницата „Лорето“ во Чикаго, а еден од повредените е во критична состојба, пренесува Еј-Би-Си (ABC).

Според полицијата, 45-годишен маж стоел на тротоар кога покрај него запрело теренско возило, од кое непознато лице испукало повеќе куршуми кон него. Мажот бил пренесен во болницата „Маунт Синај“, каде што се наоѓа во критична состојба.

Во пукањето биле повредени и 39-годишна жена, погодена во градите, 30-годишен маж со прострелни рани на вратот и рамото и 28-годишен маж со две прострелни рани на лицето. Сите тројца се надвор од животна опасност.

Полицијата засега не соопштила детали за околностите на нападот, а истрагата е во тек.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.