На 19 октомври 2026 година во КСП Центар – Јадро во Скопје 20:00 часот ќе биде отворена заедничката изложба „Стаорска трка“ на уметниците Ертунч Сали и Ангела Бошевска.

Изложбата го истражува современиот начин на живот како бескрајна трка по успех, статус, и моќ. Поттикнато од филозофски теории околу вредности, дисциплина и илузија мотивите на тркачите, ловците и мршојадците стануваат симболика преку кои авторите го разгледуваат циклусот на натпреварување, пад и опстанок кој се повторува од генерација на генерација.

„Стаорска трка“ поставува прашања за вредностите што ги наследуваме, идеите за “успешен“ живот и моментот кога личниот избор станува општествено очекување.

Преку слики, скулптури и инсталации, изложбата создава простор во кој трката не останува само на метафора, туку станува физичко и визуелно искуство.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.