36-годишен тетовец бил приведен откако неговата 62-годишна мајка пријавила дека станал агресивен откако му дала пари и побарал уште.

Според информациите од МВР, инцидентот се случил денеска, околу 1 часот по полноќ. Жената пријавила дека синот ѝ побарал пари, а откако ги добил, станал агресивен и побарал дополнителна сума, при што фрлил тврд предмет кон неа.

Полициски службеници од Полициската станица Тетово го лишиле од слобода К.Б. (36) во 7:15 часот на улицата „Маршал Тито“ во Тетово.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Гостивар.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.