Се повеќе е евидентна тезата која веќе подолго време ја говориме во јавноста, дека Филипче и Заев се уценети од бугарските власти и Румен Радев. Директно го прашуваме Венко Филипче, дали е точна информацијата, дека токму тој во соработка со Заев, имаат ветено на блиски соработници на Румен Радев, дека се способни да изготват медицински извештај за Ива Михаилова, во кој јасно ќе стои дека нејзиното понатамошно лекување нема да може да се спроведува во Македонија, туку во соседна Бугарија, праша на прес-конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, единствената цел на овој процес е директна штета на Македонија и ново омаловажување и потценување на интегритетот на македонскиот народ.

[embedded co te t]

„Имено, за осомничената Ива Михаилова, која инаку е осомничена во кривично-правен настан, за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, криминалниот другар и доктор на Филипче и Заев, Иван Барбов, изготвил извештај на ден 19.03.2026 година, во кој јасно се наведува дека нејзиното понатамошно лекување мора да продолжи во соседна Бугарија.

Потегот на бугарските власти кои на високо ниво ја пречекаа или пак ќе ја пречекаат во следните денови, Ива Михаилова, беше осудено од страна на македонските надлежни институции, но и од голем дел од политичките партии, само СДС и Филипче во ниту еден момент не ја спомнаа ниту Бугарија, ниту бугарските власти.

На граѓаните веќе им е јасно дека СДС и Филипче одработуваат за источниот сосед, но дека ќе отидат толку далеку, искрено и ние не очекувавме.

Ги повикуваме надлежните органи да го истражат овој случај“.