Романското Министерство за национална одбрана денес објави дека поради три беспилотни летала што летаат во близина на Валково на територијата на Украина, во близина на границата со Романија, утрово се кренати два авиони Ф-16 и еден воен хеликоптер за следење на ситуацијата.

„Во среда, 14 октомври, наутро, надзорниот радарски систем на Министерството за национална одбрана откри воздушни цели што се движеа во близина на Валково, на територијата на Украина, во близина на границата со Романија“, се вели во соопштението за медиумите на Министерството, како што објави порталот Digi24.

Предупредување за можна инвазија на беспилотни летала, RO-аларм, беше издадено во северниот романски округ Тулча во 6:39 часот наутро.

Откако податоците од радарскиот систем за надзор покажаа дека трите беспилотни летала не влегле во романскиот воздушен простор, тревогата беше укината во 7:58 часот наутро, пренесува Танјуг.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.