Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека постигнал договор со рускиот претседател Владимир Путин за испорака на големи количества руски дизел со цел да се намалат цените на горивото во САД. Ова претставува значаен пресврт во американската политика кон Русија, против која Вашингтон воведе опсежни санкции поради инвазијата врз Украина, пишува „Асошиејтед прес“.
Трамп на социјалните мрежи објави дека разговарал телефонски со Путин и дека се договориле за испорака на неколку милиони тони дизел-гориво на американскиот и на светскиот пазар. Според најавата на Трамп, Русија треба веднаш да испорача повеќе од 300.000 тони дизел.
https://t.co/dJ2TPZARs
— Rapid Respo se 47 (@RapidRespo se47) Octobe 9, 2026
„Штотуку завршив многу успешен разговор со рускиот претседател Владимир Путин, при што се договоривме Русија веднаш да испорача повеќе од 300.000 тони дизел-гориво на пазарите во САД и во светот, дополнителни 500.000 тони во текот на ноември и уште еден милион тони веднаш потоа.“
Тој исто така најави испорака на дополнителни три милиони тони на краток рок, во зависност од статусот и капацитетот на руските рафинерии. Вкупно, ова изнесува повеќе од 4,8 милиони тони дизел-гориво.
Трамп тврди дека договорот ќе придонесе за брз пад на цените на горивото во САД и во остатокот од светот.
„Намалувањето на цените за Американците – особено за нашите одлични земјоделци, сточари и возачи на камиони – е мојот највисок приоритет“, изјави тој.














