Денеска објавуваме голем скандал во образованието кој очигледно некое време власта се обидува да го сокрие и да го заташка. Деца од училиште однесени во казино во Монте Карло! За директорката и помошникот директор да се коцкаат, кажа на прес=конференција Јованче Манасков, претседател на комисија за образование и наука на СДСМ.

„Едното видео коешто ќе го објавиме е со заматени ликови, поради тоа што има малолетни деца. Но свиркачи ни го доставија и го имаме и оригиналното.

Брука! Казино, образование на Јаневска и ВМРО.

Што покажуваат информациите, сликите видеата? За време на ученичка екскурзија во Монте Карло, директорката на Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ѓорѓи Наумов“ од Битола, Жанета Сервини, и помошник-директорот Љупчо Здравковски, наместо со учениците – се коцкаат на слот машини во казино.

Во истото време малолетните ученици, за кои тие биле одговорни, ги чекале во холот.

Наместо да се грижат за безбедноста и едукацијата на учениците и да бидат пример за младите, раководители на училиште се коцкаат во казино. И децата ги носат во казино.

Каква едукација им дале првите луѓе на уличиштето – како се вртат слот машини“, вели тој.

Ова, како што оценува, е неморален случај и побара одговорност од прв до последен.

Ја повика Јаневска итно да изврши надзор и да поведе постапка за одговорност и разрешување на сите инволвирани.

Одговорноста во образованието, наведува Манасков, не е привилегија, туку обврска.

Текстот (Фото/Видео) Манасков: Скандал кој Јаневска и ВМРО го кријат, деца однесени во Казино во Монте Карло за директорката да се коцка е превземен од МАКФАКС.