
Пратениците од ВМРО-ОКГ го одбија законот на СДСМ за воспоставување нова државна награда „Блаже Конески“. Истите оние што го нарекуваа џуџето од Небрегово гласаа против Конески и против највисоко институционално признание за значајни остварувања во областа на македонскиот јазик и македонистиката, изјави Мирче Најдоски, претседател на Комисијата за култура во СДСМ.
„Блаже Конески е великан, главен кодификатор на македонскиот литературен јазик. Основоположник на современата македонска наука за јазикот, лингвист, литературен и културен историчар, поет, прозаист и преведувач. Бил прв претседател на МАНУ, ректор на Универзитетот во Скопје и автор на капитални дела. Токму затоа беше предложено еднаш годишно државата да им оддава признание на најзначајните научни и стручни достигнувања поврзани со македонскиот јазик и македонистиката. Преку награда што ќе го носи името на Блаже Конески и би се врачувала на 19 декември – денот на раѓањето на Блаже Конески“, рече тој.
Најдоски праша зошто на ВМРО-ДПМНЕ им смета Блаже Конески?
„Две години не го спроведуваат ниту Законот за употреба на македонскиот јазик. ВМРО не се грижи за македонскиот јазик. Во Македониумот дозволија да се валка културното наследство за 500 евра. Гласаат против Блаже Коневски. Ова е вистинското лицемерно лице на лажните патриоти од организираната криминална група“, рече тој.
Текстот СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го одби законот за нова државна награда „Блаже Конески“ е превземен од МАКФАКС.























